Во Аргентина над милион заразени со коронавирусот

Аргентина во понеделникот стана втората земја во Јужна Америка која надмина милион заразени со коронавирусот.

Со 12.982 случаи на зарази со новиот коронавирус кој ги забележало аргентинското министерство за здравство во понеделникот, замјата сега има вкупно 1.002.662 заразени, и е петтата во светот според овој показател.

Оваа јужноамериканска држава, исто така, пријави и 451 смртен случај во изминаите 24 часа, па вкупниот бнрој е поголем од 26.700 починати од почетокот на епидемијата.

Бразил беше првата земја во Латинска Америка која мина милиони заразени, и тоа во јуни. Бројот на заразените од тогаш надмин 5,2 милиони, а повеќе имаат само САД со 8,1 милиони и Индија со 7,5 милиони заразени.