Во Аргентина откриен метеорит тежок 30 тони

Во северниот дел на Аргентина откриен е 30-тонски метеорит, за кој се смета дека е втор најголем во светот, јави ДПА.

Тим од научници во саботата откриле метеорит со тежина од 30.800 килограми  во провинцијата Чако, на околу 800 километри северозападно од главниот град Буенос Аирес.

Метеоритот е откриен во месноста Кампо дел Сиело, во општината Ганседо, каде имало метеорски дожд пред околу 4000 години.

Најголемиот метеорит во светот, наречен Хоба, тежи над 50 тони и е откриен во Намибија пред речиси сто години.