Во Аргентина пронајдени остатоци од крилест диносаурус месојад

Остатоци од досега непознат вид мал крилест диносаурус месојад кој живеел во Патагонија пред 90 милиони години, се пронајдени во Аргентина, објавија палетонтолозите кои проценуваат дека ова откритие може да даде нови информации за еволуцијата на птиците.

Остатоците од животното кое не било подолго од метар и половина, пронајдени се на археолошкото наоѓалиште во централната покраина Рио Негро, околу 1.100 километри јужно од агентинската престолнина Буенос Аирес, објави претходно седмицава Научната агенција при Националниот универзитет во Матанца.

Овој нов вид е наречен Overoraptor chimentoi, и е воведена во групата диносауруси месојади наречени Paraves, појаснува Матијас Мота, научник во Аргентинскиот природонаучен музеј (MACN).

До привите откритија било дојдено во 2013 година, а во втората кампања во 2018 година биле пронајдени уште остатоци.

„Тоа животно поседувало многу зашилена канџа на показалецот, со којашто се служело за напад врз својот плен. Имало издолжени шепи, што сугерира дека станува збор за живното коешто трчало“, појаснува Мота, водител на истражувањето чиишто резултатите се објавени во научното списание The Science of Nature.

Мота оценува дека „ова животно припаѓа на нова група диносауруси на јужната хемисфера, диносаурус кој бездруго бил брз, подвижен и, како и неговите сродници, морало да биде месојад“.

Изненадените научници констатирале дека шепите на ова одамна изумрено животно се слични на нозете на грабливците. А горниот дел (од шепата) бил робусен и издолжен, слично на нозете на современите птици, појаснуваат истражувачите.

До ова нова откритие, сите диносауруси месојади слични на птиците кои досега се откриени во Патагонија, припаѓаат на групата Unenlagia, а биле многу подвижни и се движеле на задните нозе.

„Спротивно на она што во почетокот верувавме, Оверорапторот не припаѓал на семејството Уненлагија, туку на друга група којашто го опфаќа видот Рахонавис од Мадагаска“, забележува палеонтологот Фернандо Новас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.