Во Арсенал пристигнува Давид Луиз

Денес е последниот ден од преодниот рок во Англија, па екипите активно работат и прават напори да доведат нови засилувања.

Арсенал одлично купуваше во текот на летото, а сега пронајде и замена за капитенот Лориен Кошелни, кој замина во Бордо. Се работи за Бразилецот Давид Луиз кој за осум милиони фунти ќе пристигне на „Емирати“.

Дефанзивецот побара од Челзи да си замине и престана да тренира, за на крај да го добие посакуваното. Кариерата ќе ја продолжи под палката на Унаи Емери и ќе ја промени средината по три години.

Претходно, 32-годишникот беше дел од ПСЖ, Бенфика, а фудбалските почетоци ги имаше во Виторија