Во Атина пријавени петнаесет гласачи, гласале петмина

До 10 часот по локално време, во Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина, една третина од пријавените гласачи веќе го остварија правото на глас на референдумот, јави дописничката на МИА од Атина.

Гласачкото место број 5014 беше отворено во 7 часот утрово, по локално време, а вкупно 15 македонски државјани со регулиран престој во Грција денес ќе го остварат правото на глас на референдумот.

Во Солун, пак, нема да има гласање поради неостварената квота од 10 пријавени лица за отворање гласачко место.

Гласовите ќе се пребројуваат денеска, веднаш по затворањето на гласачкото место.

Ова е вторпат да се спроведе гласање во Канцеларијата за врски, првиот пат македонските државјани кои живеат во Атина, гласаа на парламентарните избори во 2011 кога беа пријавени 18 лица.

Дописничката на МИА од Атина го следи гласањето во македонската амбасада и ќе известува за излезноста во текот на денот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.