Во Атина се протестираше против карантинот и маските, полицијата ги растера со шок бомби (ФОТО/ВИДЕО)

Со инциденти, солзавец, шок бомби и приведени заврши протестот во Атина против рестриктивните мерки, карантинот, употребата на маска и сл, јави дописничката на МИА од Атина.

На плоштадот Синтагма се собраа лица организирани преку социјалните мрежи, извикувајќи слогани против Владата, против мерките, против полицијата, но и против новинарите.