Во Авганистан годинава дневно убиени или ранети девет деца

Во првите девет месеци од 2019 година во Авганистан во просек секој ден се убиени или ранети девет деца, соопшти во вторникот УНИЦЕФ.

Ваквото зголемување на жртвите меѓу децата во Аванистане е за 11 отсто во однос на истиот период претходната 2018 година, што се припишува на зголемувањето на бројот на самоубиствените бомбашки напади и судирите на терениот, се појаснува во извештајот на УНИЦЕФ,

Според податоците на Мисијата на ОН за помош на Авганистан (UNAMA), во периодот од јануари до септември годинава во оваа земја се убиени најмалју 630 деца, а 1.830 се ранети.

„Дури и за авганистанските стандарди, 2019 година се покажа изразено смртоносна за децата“, вели извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

Во периодот од 2009 до 2018 година во Авганистан животите ги загубила речлиси 6.500 деца, а 15.000 се ранети.

Освен изложеноста на воениот судир, децата во Авганистан се изложени со сирмаштија, неразвиеност и природни катастрофи.

Според УНИЦЕФ, 600.000 деца пред пет години се потхратени. Околу 3,7 милиони деца на училишна возраст не следат настава. Речиси третина од децата се принудени да работат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.