Во Австралија најмногу починати од коронавирусот во еден ден

Во Австралија во неделата се потврдени десет смртни исходи од заразата со новиот коронавирус, што е досега најголема смртност во еден ден од почетокот на епидемијата и нејзиниот втор бран претставува искушение за досега многу успешните напори на оваа земја во сузбивањето на инфекцијата.

Австралиските власти објавија дека се зголемил бројот на новозаразените, и покрај строките карантински мерки.

Бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на вкупно 155, а југоисточната држава Викторија пријави повеќе од 450 новозаразени во изминатите 24 часа. Видно загрижениот премиер на Викторија, Даниел Ендрјуз, изјави дека починале десет лица, на возаст меѓу 40 и 80 години. Седум од нив починале по избувнување на заразата во домови за стари лица.

Станува збор за најтешка загуба на човечки животи откако коронавирусот се појави во Австралија, според податоците коишто ги сумира агенцијата AFP.

Австралија досега ја избегна најтешката пандемија која го зафати светот во последните стотина години, и вкупно има регистрирано 14.000 заразени, што е помала бројка од оние кои ги бележат само во едно деноноќие најтешко погодените земји,

Бројот на новозаразените изминатите денови е висок, и покрај тоа што пет милиони луѓе во Мелбурн изминатите две седмици беа ставени во карантин. Носењето заштитна маска во овој град е задолжително во секоја пригода.

Сојузната држава Викторија практично е изолирана од остатокот на земјата. Полицијата и војската ги чуваат државните граници и ги посетуваат домовите за да го надгледуваат спроведувањето на карантинот.

И покрај сето тоа, 459 нови случи на заразата се пријавени во неделата во Викторија, што претставува зголемувње имајќи ги предвид 357-те новозаразени ден претходно. А уште десет лица се заразени во другите делови на Австралија.

„Овие работи рапидно се менуваат, но мораме да кажеме дека бројките и натаму се превисоки“, изјави Ендрјуз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.