Во Австралија повторно раст на бројот на случаите на Covid-19, одложено укинувањето на рестрикциите

35

Две австралиски сојузни држави, Нов Јужен Велс и Викторија, известија во средата за остар раст на бројот на новите случаи на Covid-19, поради што епидемиолошките мерки остануваат на сила, и покрај надежите дека ограничувањето на движењата кои се однесуваат на повеќе од половината на тамошното население, ќе биде укинато.

Нов Јужен Велс, со најнаселениот австралиски град Сиднеј, има 110 нови случаи на коронаинфекциите, што претставува значителен раст во однос на 78 случаи ден претходно. Уште позагрижувачки е што овие бројки доаѓаат четири седмици по затворањето на Сиднеј и неговата околина поради растот на новите случаи на зараза со делта варијантата на коронавирусот.

Сојузната држава Викторија во средата пројави 22 нови случаи, додека ден претходно потврди 9 нови коронаинфекции, што е најголем пораст на бројот на случаите од избувнувањето на заразата на почетокот од јули. И во Викторија на сила веќе две седмици на сила е „затворањето“.

„Да небевме во локдаун веќе неколку седмици, сега не би имавме 110 случаи туку илјадници и илјадници новозаразени“, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берјикјан на прес-конференција.

Година и половина од почетокот на пандемијата, за околу 13 милиони Австралијци движењето е строго ограничено, што создрава притисок врз сојузната влада којашто е изложена на сѐ поголеми критики поради бавниот процес на вакцинирање. Само малку повеќе од 11 отсто од Австралијците ги примиле двете дози од вакцините против Covid-19.

Главната вакцина со којашто Австралија располага е онаа на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“, но таа се препорачува само за лицата повозрасни од 60 години поради пријавените појави на крвни згрутчувања, додека вакцината на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ е ограничено на поврзрасните од 40 години поради недоволните количества.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.