Во Австралија проширени мерките за затворање против ширењето на Covid-19

Австралиските власти во срадата ги проширија мерките за затворање и физичко дистанцирање на поголем дел од земјата, а четири големи градови веќе се под строг карантин поради сузбивањето на многу заразната делта варијанта на коронавирусот.

Со новите мерки речиси секој втор Австралиец мора да остане дома, а милиони други се под мерката за ограничено движење и задолжителното носење маски поради порастот на бројот на заболените со Covid-19 на неколку локации.

Повеќе од пет милиони жители на Сиднеј и околината се под двонеделен карантин до 9-ти јули, а сојузната држава Нов Јужен Велс извести во средата за 22 нови локално пренесени случаи на Covid-19, сите поврзани со претходни коронаинфекции. Тоа е мал раст во однос на два дена претходно,. Но сѐ уште под пикот од актуелната епидемија од 30 нови случаи регистрирани во неделата.

„Нов Јужен Велс покажува постојана стапкана случаите во оваа фаза… но до денеска нашите стравови од огромна ескалација не се остварија и сакаме така да остане“, изјави премиерката на оваа сојузна држава Гледис Береџиклијан, за новинарите во Сиднеј.

Со вкупно околу 170 нови локално пренесени случаи на коронаинфекциите, откако пред две дена е идентификувана првата зараза кај возач кој превезула екипаж на странска воздухопловна компанија, државата Нов Јужен Велст е најтешо погодената во сеашната епидемија во Австралија.

За жителите на Сиднеј, Перт, Бризбејн и Дарво во средата воведен карантон, а претходно оваа мерка беше воведена за жителите на радот Алис Спринг, влезната точка во Улуру, кој е на листата на УНЕСКО на светското наследство. Властите издода наредби за престој во домовите, по случај на потенцијално заразен патник на аеродром.

 

Тешкотии со вакцинацијата

Карантините, строгото физичко дистанцирање, промтното барање на контактите и почитување на мерките во заедница ѝ помогнаа на Австралија да ги сузбие претходните епидемии на Covid-19, како и бројот на заразите да биде релативно низок.

Австралија пријави само малку повеќе од 30.550 случаи на заразата и 910 смртни исходи од почетокот на пандемијата.

Меѓутоа, целосното вакцинирање е помало од 5 отсто од возрасната популација од 20 милиони луѓе, што предизвика притики поради бавната национална програма за имунизација.

Сојузната влада во понеделникот објави дека ќе ги обесштети лекарите кои вакцинирале со вакцината на „AstraZeneca“ лица помлаи од 60 години, откако претходно предност ѝ давале на вакцината на „Pfizer/BioNTech“ за лицата на оваа возраст поради стравот од крвни згрутчувања. Во Австралика два смртни случаи, две жени на возраст од 48 и 52 години, се поврзани со вакцината на „AstraZeneca“.

Меѓутоа, властите на сојузната држава Квинсленд објавија дека нема да го одобрат тој потег, наведувајќи дека тоа непотребно ќе ја загрози нивната млада популација.

„Не сакам 18-годишник во Квинсленд да умира од болест на згрутчување, кој, доколку не би заболел од Covid-19, веројатно не би умрел“, изјави директорката на управата за здравство на Квинсленд, Џенет Јанг на прес-конференција.