Австралија денеска го пријави првиот смртен случај од коронавирус годинава и рекордни нови 77 случаи оваа година во сојузната држава Нов Јужен Велс, која се бори со епидемија на делта мутацијата.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклијан, предупреди дека бројот на случаи во и околу најголемиот град во државата Сиднеј, каде што во сила е тринеделнo целосно затворање, се очекува да порасне во наредните денови.
„Очекувам бројките во Нов Јужен Велс утре да бидат повисоки од 100. Ќе бидам изненаден ако се помалку“, рече Берејиклијан.
Во саботата се регистрирани 50 случаи, што досега беше рекорден број на новозаразени во 2021 година.