Во Австралија угина најстариот пајак на светот, каснат од оса

Најстариот познат пајак на планетата угинал во 43-та година, откако со години беше проучуван во рамките на долгорочна студија во Австралија, објавија научниците во понеделникот.

Женката пајак крстач го надживеа претходниот рекордер, 28-годишната тарантула од Мексико, се наведува во студијата објавена во научното списание Pacific Conservation Biology Journal. Таа не угинала од старост, туку од боцнување на оса, велат експертите.

Наречена број 16, им помогна на научниците да дознаат повеќе податоци за однесувањето на овој вид пајак кој живее ширум австралија, вклучително и во дворовите на куќите.

Пајаците крстачи вообичаено живеат меѓу пет и дваесет години. Додека женките целиот живот остануваат во близина на дувлото, мажјаците во зрелата доба заминуваат во потрага по партнерка. Не се опасни за луѓето, иако каснувањето може да предизвика одредена болка и оток.