Во Австрија ќе се запленуваат возилата за пребрзо возење

Австрија подготвува закон според кој полицијата на возачите коишто значително ќе ја надминат дозволената брзина, покрај возачката дозвола, ќе им ги одзема и автомобилите, соопштија претставници на власта во понеделникот во Виена.

„Едноставно на нашите патишта има премногу од оние кои не можете да ги убедите, кај коишто казните и дополнителните обуки не дејствуваат. На тие лица мора да им се одземе нивното оружје“, изјави австриската министерка за сообраќај Леоноре Гевеслер од партијата Зелени, претставувајќи го нацрт-законот.

Овој нацрт-закон за возачите кои во населено место ќе ја пречекорат дозволената брзина од 60 или надвор од населена област од 70 километри на час, аввтобилиот на самото место ќе биде одземен на две седмици. Во текот на тој период би требало да биде проверено дали за возачот дотогаш е забележан поради пребрзо возење. Доколку се покаже дека возачот направил драстични пречекорувања на брзината, автомобилот би можело да биде продаден на наддавање.

При пречекорување на брзините од 80 километри на час во населено место или 90 километри на час надвор од населени средини, автомобилот веднаш би бил запленет и продаден. Тоа, на пример, би се однесувало на оние возачи кои на автопатите во Австрија, на кои најголемата дозволена брзина е 130 километри на час, ќе бидат фатени при брзини од 220 километри на час.

Министерката Гевеслер додаде дека ваквите мерки служат за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

„При брзините коишто беа споменати тука, ниту еден возач веќе нема целосна контрола над својот автомобил“, изјави австриската министерка за сообраќај.

Австриските сообраќајна полиција годишно бележи меѓу 400 и 450 случаи во коишто новиот закон би можело да биде применетн. Законот на сила би требало да стапи кон средината на следната година.