![italija kovid 19](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/italija-kovid-19.jpg?resize=640%2C450&ssl=1)
Полицијата во Австрија поднела 2.883 пријави до синоќа за неисполнување на мерките на австриската влада со цел намалување на социјалните контакти, според австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер.
– Ние се уште имаме ситуација кога 95 проценти од населението соработува совршено, а 5 проценти не го разбрале тоа и полицијата константно постапува против нив, рече Нехамер во изјавата за радиото Ое1.
Тој додаде дека загрижените граѓани укажуваат на кршење на мерките и полицијата сериозно го сфатила секој повик и го проверува.
Нехамер потврди дека дронови биле користени и за почитување на мерките за ограничено движење.