Во Австрија рекорден број дневни коронаинфекции, Франција воведува пострoги мерки, Италија со раст најголем од април

Австрија забележа во саботата рекорден дневен број на заразени со новиот коронавиурс, а во Франција е прогласено максимално ниво на опасност од Covid-19 во учте четири градови поради порастот на бројот на заразите.

Австриското министерство за здравство објави дека во изминатите 24 часа се регистрирани 1.235 случаи на заразата, или свкупно од почетокот на епидемијата речиси 54.500 заразени, и над 850 заразени. Во моментов во Австрија има вкупно 10.800 активни случаи на коронавирусот.

Министерството за здравство, исто така, соопшти дека главниот град Виена со 511 новозаразени во последните 24 часа и натаму е главно жариште на инфекциите во земјата. Меѓутоа, ситуацијата во болниците во земјите и натаму е стабилна, наведува министерството.

Франција прогласи во саботата максимално ниво на опасност од коронавирусот во Лион, Лил, Гренобл и Сен Етјен, откако тоа претходно го стори во Париз и Марсеј, што значи и нови рестриктивни мерки во обидот да се сузбие ширењето на коронавирусот.

Дневниот број на заразените во петокот достигна нов рекорд кога беа потврдени над 20.000 случаи на заразата. Денеска стапија на сила мерките со кои е претврдено затворањето на сите барови и построги здравствено-епидемиолошки протоколи во рестораните.

Италија во петокот вечерта соопшти за нови 5.372 случаи на зараза, што е најголем показател од април, со што од почетокот на епидемијата во февраури забелаж вкупно речиси 349.500 сличаи, а со новите 28 починати бележи 36.140 смрти исходи.

Италијанската влада размислува за воведување дополнителни мерки против ширење на коронавирусот, но без враќање кон целосно затворање. Проблемлот, како што пишува весникот Corriere della Sera, е во тоа што граѓаните веќе ги игнорираат мерките.

Владата во Рим се уште дискутира за предлогот, но се очекува дека новите правила ќе бидат претставени до четврокот

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.