Во Австрија се истражува смртта на жена по вакцинирање со „AstraZeneka“

Надзорната агенција добила информации за два случаи по вакцинирање против коронавирусот со една од сериите на вакцината на англо-шведската фарамцевтска компанија „AstraZeneca“, спореди кои починала 49-годинашна жена, а кај 35-годишна жена имало влошување на здравјето, соопшти во неделата австриската Федерално биро за безбедност во здравството (BASG).

Според соопштението на регулаторната служба, жената починала како резултат на сериозни нарушувања по крварење, одноно тешка коагулација на крвта,  а кај втората биле забележана белодробна еболија, но таа веќе закрепнала. Белодробната емболија е актуно нарушување коешто настанува со ненадејно собирање на згусната крв во пулморалната артерија со последична опструкција на дотокот на крвта во белодробното ткиво.

Австрискиот јавен телевизиски сервис ORF и службената новинска агенција APA, како и швајцарскиот дневен весник Niederoesterreichische Nachrichten, известуваат дека двете жени си медицински сестри вработени во клиниката во Цветл. И двете жени ја примиле вакцината од истата серија на клиниката во Цветле, во покраината Долна Австрија.

„Во моментов нема идникации за поврзаност со вакцината. Во разјаснувањето на околностите учествуваат релевантни експерти со цел целосно да се исклучи можната поврзаност. Поради претпазливост, преостанатите залихи од оваа серија вакцина нема да бидат употребени“, се додава во соопштението.

Во соопштението на BASG се додава и дека згрутчувањето на крвта не е меѓу познатите нуспојави од приментата на вакцината. Според соопштението, истрагата се води веќе „во полна брзина“ за да се исклучи врската меѓу влошениот здравствен статус на вакцинираните и вакцинирањето.

На почетокот од март австриското Федерално биро за безбедност во здравството објави дека се испитува 41 смртен случај кај лица по вацинирањето со препаратот на американско-германскиот конзорциум „Pfizer/BioNTech“, но оти не е утврдена непосредна поврзаност со оваа вакцина.

Агенцијата APA го пренесува соопштението на претставникот на „AstraZeneca“, кој рекол дека компанијата е во контакт со австриските власти и оти ја поддржува истрагата.

Агенцијата потсетува и дека вкацините го одобрија и Европската агенција за лекови (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО – WHO) врз основа на глобалното клиничко испитување во коешто учествувале 23.000 испитанци.

„Сите досегашни евалуации покажале дека вакцината на AstraZeneca против Covdi-19 е безбедна и ефикасна“, пренесува APA.

Регулаторите на Европската унија оваа вакцина ја одобрија на 30-ти јануари, со појаснување дека е ефиканса и безбедна за употреба. Нуспојавите воочени во текот на испитувањата главно биле краткотрајни, а проблеми со згрутчување на крвта не биле евидентирани.