Во Австрија за еден ден над 15.000 новозаразени со Ковид-19 

Во Австрија драстично расте бројот на новозаразени со корона вирусот и во последните 24 часа се регистрирани 15.149 нови случаи, што е бројка која последен пат беше регистрирана на почетокот на април.
Во средата, пред една недела, беа регистрирани нешто повеќе од 12.000 нови случаи на заразени со корона вирусот.

Во последните 24 часа починаа девет лица. Се зголемува и бројот на хоспитализации на заболени, а во однос на вчерашниот ден, зголемен е за 18 на „обичните“ одделенија и за 10 на интензивна нега, каде во моментов за живот се борат 66 лица.

Главен фокус е Виена со 3.953 новозаразени, а по неа е Долна Австрија со 3.083.

Меѓу новозаразените во последните 24 часа е и министерката за правда на Австрија, со босанско потекло, Алма Задиќ. Таа била позитивна на корона вирусот и е во домашна изолација, од каде, како што е соопштено, продолжува со својата работа.