Во автобус на албански фудбалери пронајдени 20 килограми хероин

Грчката полиција вчера пронајде 20,6 килограми хероин во автобус со фудбалери од Албанија  кој се враќал од Турција.

Дрогата скриена во климатизацијата на автобусот ја открило куче-трагач на грчко-албанската граница „Капштица“. Фудбалерите биле играчи на фудбалскиот клуб Ерзен од Шијак кои патувале од Истанбул до Драч. Тие изјавиле дека немаат никаква врска со шверцот на хероин.

Според грчките медиуми, беа уапсени двајца албански државјани.