Во автобуска несреќа во Индонезија 25 жртви

Најмалку 25 луѓе загинале кога автобус слетал во река на индонезискиот остров Суматра, објавија локалните медиуми во вторникот.

Според првичните извештаи, настрадале 24 патници, но спасувачките екипи откриле уште едно тело во реката каде што автобусот се превртел, објави информативниот портал Okezone.com.

Најмалку 13 луѓе успеале да се спасат. Се претпоставува дека во автобусот имало 50 патници. Возилото на стрмна кривни слетал низ падината и паднал во реката во округот Пагаралам.

Меѓуградскиот автобус патувал од покраината Бенгула во Палембанг, главниот град на соседната покраина Јужна Суматра.

Поррпаролот на агенцијата за потрага и спасување, Дају Вили, за порталот изјавил дека спасувачите сѐ уште ги извлекуваат патниците од реките.