Во Бачишта нова жртва на кучиња скитници

Синоќа ја нападнале близу семената куќа. Изгризена и е левата дланка. Тешко повредената жена итно е пренесена во кичевската општа болница.Случајот е пријавен во полициската станица во Зајес.

Локалните власти во Кичево се без конкретен став како да се реши проблемот со кој се соочуваат и кичевчани но и мештаните од околните села.

Ова особено што за самоиницијативно уништување на кучињата казните за општината се многу високи. Регионален прифатен центар за кучиња скитиници нема. Иницијативата е да се обезбедат над 500 илјади евра за изградба на ваков објект. Вчера беше погребано четири годишно дете од оваа село, кое во четвртокот буквално беше растргнато.

Лани се пријавени 54 случаи на напад на кичиња во Кичево од кои 39 се во градот, а 15 во околните села. Од почетокот на оваа година се до последните два случаи  во кичевската полиција се пријавени 11 напади на кучиња врз луѓе.