Во Багдад снег, втор пат во 100 години

Жителите на Багдад излегоа на улица за да се гаѓаат со снежни топки и да се фотографираат откако градот го покри најголемиот снег во последните 100 години.

Главниот град на Ирак за последен пат беше во снежен амбиент во 2008 година, но тогаш снегот многу бргу се истопи, а пред тоа, еден век порано.

„Снегот би можел да продолжи да паѓа до утре, имајќи предвид дека времето е студено. Овој студен бран пристигна од Европа“, изјави Амер ал-Џабери, портпаролот на Метеоролошкиот центар на Ирак.

Жителите на Багдад не се навикнати на студ и снегот е повообичаен за северните делови на земјата. Највисоката измерена температура во градот била 51 Целзиусов степен, рекорд што за малку не беше повторен неколку пати во изминатите години.