Во банките вo Косово заштедите изнесуваат 4,75 милијарди евра

Граѓаните на Косово имаат заштеди во банките, според податоците од почетокот на март годинава, од рекордни 4,75 милијарди евра, објави агенцијата Косова Прес.

Според официјалните статистики во Косово, и комерцијалните банки во 2021 година забележале рекордна добивка од над 100 милиони евра.

Гувернерот на Централната банка на Косово (ЦБК), Фехми Мехмети вели дека само во текот на 2021 година се дадени нови кредити во вредност од 1,8 милијарди евра, што говори за поддршката што на косовското стопанство му го дава банкарскиот сектор.

Според ЦБК, вкупната вредност на кредитите подигнати од банките до март годинава достигнала 3,93 милијарди евра.