Во Белгија бројот на жртвите од коронавирусот надмина пет илјади

Во текот на последните 24 часа, 313 лица починале како последица на заразата со коронавирусот во Белгија, со што вкупниот број смртни исходи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 5.136 луѓе, се вели во петочното соопштение на кризниот цената на белгиското министерство за здравство.

Покрај тоа во текот на изминатото деноноќие, биле дијагностицирани нови 1.329 случаи на инфекцијата со коронавирусот, па така вкупниот број случаи достигна 36.138 лица во Белгија, којашто има приближно 11,5 милиони жители.

Притоа беглиските здравствени власти забележале намалување на бројот на хоспитализираните со дијагностициран Covid-19, како и на пациентите кои се сместени на одделите за интезивна нега. Вкупно од почетокот на ширењето на заразата во земјата од болниците се отпуштени 7.961 инфицирани со коронавирусот.

Минатата среда белгиските власти ги продолжија рестриктивните мерки за запирање на ширењето на епидемијата до 3-ти мај. На почетокот од мај, како што очекуваат властите, земјата ќе започен постепено да излегува од реќимот на карантин.

Лекарите предупредуваат дека во наредните денови може да се зголеми бројот на заразените лица, бидејќи претходно седмицава властите започнаа со тестирања на коронавирусот во старечките домови, каде што претходно не биле вршени вакви испитувања. Во западноевропските земји, во прв ред во Шпанија и Франција, домовите за стари и изнемоштени лица се едни од најпогодените установи со заразата.