Во Белгија откриена лабораторија за екстази во американска воена база

Белгиската полиција во вторникот изврши рација во лабораторијата за производство на синтетичка дрога МДМА (екстази), откриена во воздухопловната база Клајн Брогел во североисточна Белгија, во која наводно се наоѓа дел од американскиот нуклеарен арсенал за Европа.

Базата Клајн-Брогел на североистокот на Белгија е најпозната по наводите за складирање на американско нуклеарно оружје, пренесува лондонски „Гардијан“.

Обвинителството потврди дека локалната полиција на 22 јуни открила лабораторија за производство на дрога на воено земјиште и дека е утврдено дека во лабораторијата се произведува МДМА, синтетичка рекреативна дрога која најчесто се нарекува екстази и дека двајца осомничени се уапсени за време на вчерашната акција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.