Првиот случај на зараза со новара варијанта од сојот на коронавирусот означен како „омикрон“ BA.4 е откриен во Белгија, пренесува весникот Le Vif, повикувајќи се на воролозите од Католичкиот универзитет во Лувен.
Како што рекле виролозите Марк Ван Ранст и Пје Маес, новата варијанта, којашто веќе е потврдена во неколку земји, била идентификувана во француското говорно подрачје на Белгија и проучуван во Бриселскиот слободен универзитет (ULB).
„Вирусите ги акумулираат мутациите, тие тоа секогаш го прават. Допрва ќе се појавуваат нови варијанти“, го цитира весникот Ван Ранст.
Вирологот притоа забележува дека појавата на нови варијанти на „омикрон“, сепак, е подобра од појавата на нов сој.
Варијантите на „омикрон“ означени како ” BA.4 и BA.5 веќе беа потврдени во Боцвана, Велика Британија, Германија, Данска и Јужноафриканската Република. Во овие земји поради нив не забележале зголемување на бројот на заразите, хоспитализации или смртни исходи. Весникот наведува и дека варијантата BA.5 сѐ уште не е потврдена во Белгија.