Во Белград 16 малолетници од забава во бессознание завршиле во болница, полицијата истражува што им ставиле во пијачките

Група од 16 малолетници, синоќа беа пренесени од Ада Циганлија во Воено-медицинската академија во бессознание, но утрово биле пуштени дома, пренесуваат белградските медиуми.

Момчето кое присуствувало на синоќешната забава на Ада Циганлија во Белград, а за кое се веруваше дека се удавило, бил пронајден жив, но пијан.

Белградската полиција го пронашла, откако претходно било пријавено дека е  исчезнат, а бидејќи синоќа околу 3 часот бил виден како влегува во вода и не пливал, се сомневале дека се удавил.

Како што јавуваат српските медиуми, засега не е познато што довело до губење на свеста кај децата. Истрагата е во тек, а  полицијата уапси келнери и управител на кафеана на Ада за да се утврди што им било дадено на малолетниците кои паднале во бессознание.