Во Белград уапсени 69 мигранти

Во акција на припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија што се спроведе утрово во Белград пронајдени се 69 мигранти, кои се однесени во Прифатен центар.

Акцијата е спроведена на територијата на белградските општини Савски Венац, Стари Град и Нов Белград.