Градските власти во Берлин ја прекинаа употребата на вакцината АстраЗенека за секого на возраст под 60 години, повикувајќи се на нови податоци за сомневање за несакани ефекти, јави ДПА.
Претходно денеска, институтот Пол Ехрлих, медицинско регулаторно тело, соопшти дека е регистриран 31 случај на церебрална тромбоза за кои се сомневаат дека се случиле по аплицирање на вакцината АстраЗенека
Девет од тие случаи резултирале со смрт на пациентите, соопшти институтот. Сите освен две се појавиле кај жени на возраст од 20 до 63 години.