Во Берлин протест против испораката на оружје за Киев

Неколку илјади луѓе во Берлин учествуваа на масовен протест против испораката на оружје на Киев и за мировни преговори за најбрзо решавање на украинскиот конфликт во саботата во Берлин.

Протестот се одржа во рамките на велигденските мировни маршеви што се одржуваат секоја година во различни германски градови. Ваквите собири изразуваат протест против активностите на НАТО, војните и употребата на оружје.

Според организаторите од националната мрежа Фриденскооператив, учествувале околу 3.000 луѓе. Митингот започна во 13 часот на еден од плоштадите во населбата Вединг во Берлин каде што беше поставена импровизирана сцена. Демонстрантите потоа маршираа по централната улица на Вединг со натписи со пароли „За соработка и пријателство со Русија“, „Мир – сега“, „Дипломатија, а не оружје“, „САД и НАТО – одете од Украина“, „Против бесмислените санкции, евтина енергија сега“, и „Тенковите никогаш не носат мир“. Безбедноста беше обезбедена од локалните органи за спроведување на законот.

Според организаторите, традиционалните велигденски маршеви се планирани во повеќе од 100 германски градови и населени места со централна тема актуелниот конфликт во Украина, заканата од нуклеарна војна и протестите против воените трошоци. Тие нагласија дека „смртните случаи и колежи мора да престанат“. „Германската влада треба конечно да стане поактивна и да започне мировни иницијативи“, нагласи мрежата повикувајќи на прекин на огнот, мировни преговори и учество на Германија во „Кинеската мировна иницијатива“.