21.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Во Берлин состанок на министрите за надворешни работи од Берлинскиот процес

Во рамки на Берлинскиот процес во главниот град на Германија денеска ќе биде одржан состанок на министрите за надворешни работи на државите учесници во таа иницијатива.

Берлинскиот процес продолжи вчера со состанок на министрите за внатрешни работи на државите учеснички – осум членки на ЕУ, актуелниот претседавач со ЕУ како и претставници на ЕК, и државите ос Западен Балкан за борба против илегалната миграција, корупцијата и организираниот криминал.

В понеделник е планиран состанок на министрите за енергетика, а сите останати состаноци се подготовка за Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи на 3 ноември.