Во бездна без траги на насилство пронајден  48 годишен маж

Во бездна во атарот на селото Ѓузумелци, Општина Лозово вчера од семејството е пронајден 48 годишниот Д.З. Неговото беживотно тело е пронајдено во месноста „Бели Брег“. Повикана е Итната медицинска помош од Свети Николе, а лекарот констатирал дека на неговото тело нема траги на насилна смрт.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека од страна на полицијата е извршен увид на местото на настанот. Истиот ден во Полициската станица Свети Николе, 61 годишниот С.Г од Свети Николе пријавил дека на улицата „Плоштад Илинден“ во Свети Николе го пронашол починат 73 годишниот Б.З од Свети Николе. Од страна на лекар било  констатирано  дека на телото нема траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Свети Николе.

Во текот на вчерашниот ден нотиран е еден физички напад во Кочани и агресивно однесување кон полициски службеник во Кочани. Панајотова вели дека 44 годишниот И.М од Кочани агресивно се однесувал кон полицискиот службеник. Лишен е од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.