Во безредијата на мигрантите на Малта запалени автомобили, повреден полицаец

Мигрантите на Малта запалиле најмалку пет автомобили и повредиле полицаец во безредијата во мигрантски центар ноќта кон понеделникот, кога барале слобода.

Насилставата изминатата ноќ избувнале во мигрантскиот центар кој е сместен во поранешна касарна во Хал Фар, во близина на главниот малтешки аеродром. Мигрантите ја преземале контролата во дел од објектот, но полицијата објави дека ситуацијата е повторно ставена под контрола во раните утрински часови во понеделникот.

Прифатниот центар на Малта е под притосок, бидејќи во текот на летото таму пристигнале уште неколку стотини мигранти. Многумина дошле на оваа островска членка на Европската унија со по договорот со земјите членки за нивната распределба, повеќето сѐ уште се во пренатрупаните центри на островот.

Очевидци релке во понеделникот дека мигрантие во Хал Фар запалиле неколку соби и автомобили кои им припаѓале на персоналот на центарот. Оштетен бил и полицискиот автомобил. Полицијата соопшти дека еден полициски службеник бил полесно повреден.