Во безредијата во Казахстан загинале 225 лица

Телата на 225 лица кои загинале во вооружените немири во Казхстан минатата седмица, вклучителни и на 19 припадници на безбедносните сили се донесени во мртовечниците ширум земјата, соопшти во саботата канцеларијата на државниот обвинител.

Претставникот на обвинителството Шерик Шалабаев изјавил на брифинг за медиумите дека во таа бројка се вклучени цивилите и вооружените бандити кои претходно ги убиле казахстанските војници и полицајци. Додал дека бројот на смртно настраданите може и да се зголеми.

По зголемувањето на цената на горивата од 13 на 27 центи од американскиот долар на почетокот од годинава во западната покраина Мангустау и во најголемиот град Алмати избувнаа протести. Премиерот Ќасим-Жомарт Токаев веднаш ја врати цената на горивата велејќи дека поскапувањето е неоправдано.

Сепак, протестот се претвори во вооружен бунт во кој беа убиени 19 припадници на безбедносните сили, од кои двајца беа обезглавени, со заземање и палење на зградите на државните институции и во нив според процените на западните медиуми учествувале близу 50.000 луѓе. Токаев тогаш предупреди дека бунтот чијашто цел е државен преврат оркестриран од странстви и ги повика на помош мировните сили на Организацијата на договорот за заедничка безбедност (ОДКБ) предводени од Русија, која многу брзо ја стабилизираа состојбата во земјата, а претходно седмицава силите се повлекоа од Казахстан.

Токаев следните денови го презема претседателствувањето со Советот за безбедност од поранешниот тридецениски претседател Нулсултан Назарбаев, а неговите блиски соработници и членови на пошироко и потесни семејство се сменети од влијателни позиции во дражавните институции, енергетскиот и од безбедносниот сектор.

Во саботата властите на централноазиската земја богата со енергенси и ретки руди соопштија дека го привеле и уапсиле заменикот министер за енергетика, заедно со уште неколку високи владини и безбедносни функционери за коишто веруваат дека се одговорни за неоправданото зголемување на цените на пропанот и бутанот во западната провинција Мангистау како и за намерно оставање оружје на бунтовнички групи. Притоа најавена е и целосна реогранизација на безбедносниот систем во земјата.