Во БиХ 228 нови случаи на коронавирусот и 9 починати

Во Босна и Херцеговина во неделата објавија за 228 нови случаи на зараза со коронавирусот а најмалку девет лица починале од саботата, известија ентитетскиет заводи за јавно здравство.

Во Федерацијата БиХ со тестирање на 546 примероци во изминатите 24 часа зараза со вирусот SARS-CoV-2 е потврдена кај 148 случаи. Сите девет лица кои починале како последица на заразата се од овој ентитет. Станува збор за шест мажи и три жени и сите се од различни градови.

Во лабораториите во Република Српска бил тестиран 301 примерок, од кој 80 биле позитивни на коронавирусот.

Најголеми жаришта на епидемијата во БиХ и натаму се двата најголеми града во земјата. Во Сараево од саботата заразата е потврдена кај уште 54 лица, а во Бања Лука кај 22 жители.

Поради незапирливото ширење на епидемијата и дневниот раст на новозаразените кој со седмици наназад е троцифрена бројка, во земјата се спроведуваат строги мерки на надзор и контрола, особено за работата на угостителските објекти. Нивната работа главно е ограничена до полниќ, а на сила е забраната за собири на повеќе од 50 на затворени и на повеќе од 100 лица на отворени простори.

Вкастите на Западно-херцеговската жупанија во неделата беа принудени да воваедат дополнителни рестрикции за организирањето свадби, откако на едена од нив неодамна присуствувале повеќе од 600 лица, Организаторите на семејните прослави во иднина на локалниот кризен штаб ќе мора да достават список на гостите и контакт телефони и да го прецизираат распоредот на седење.