Во БиХ 333 новозаразени, полицијата ги растура свадбите

Нови 333 случаи на зараза со коронавирусот и три со тоа поврзани смртни исходи се забележани во Босна и Херцеговина, соопштија во саботата здравствените власти, а полицијата во западниот дел од земјата мораше да интервенира за да го спречи одржувањето на свадбените прослави на кои се смета дека најмногу се шири новиот вирус.

Според податоците од ентитетските здравствени власти, од вкупно 1.513 тестирани во последните 14 часа во Федерацијата БиХ имало 244 позитивни, а во Република Српска 89 позитивни. Две лица починале во Федерацијата БиХ, а едно во Република Српска.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Босна и Херцеговина заразени се вкупно 19.546 лица, додека починале 594 пациенти.

Властите во БиХ со денови предупредуваат да се намалат масовните собири, а во прв ред да се откажат свадбените прослави кои се пкажале како настани на кои најмногу се шири заразата на коронавирусот. Поради тоа изминатата ноќ во Херцегбосанската жупанија властите со специјалните полициски сили прекинале одржување на две свадбени свечености во Томиславград кој се одржувале и покрај забраната.