Во БиХ 68 новозаразени, двајца починати

Во Босна и Херцеговина во неделата се потврдени 68 нови случаи на зараза со коронавирусот, а толку мала бројка е вообичаен во текот на викендите која се спроведуваат и сразмени помалку тестирања.

Од саботата биле спроведени тестирања на 807 примероци, при што со заразата со вирусот SARS-CoV-2 е потврдена кај 27 лица од Федерацијата БиХ и кај 39 од Република Српска. Уште два случаи на заразата се потврдени во дистриктот Брчко. Просечниот број на тестирањата кои се спроведуваат во работните денови е околу две илјади.

Во изминатите 24 часа, пријавени се и два смртни случаи поврзани со Covid-19. Од избувнувањето на епиденмијата предизвикана со коронавирусот во БиХ досега починаке над 850 лица, кај кои е потврдена заразата.

Во земјата во моментов има регистрирани над шест илјади активни слуичаи на заразата, но болниците не се под значителен притисок, бидејќи бројот на тешките случаи значително е понизок од капацитетите за нивно сместување.

Здравствените власти состојбата ја оценуваат како стабилна, а статистичките податоци упатуваат дека постепено се намалува бројот на новозаразените кои во летните месеци на дневно ниво беше и поголем од 300.