Во БиХ 764 новозаразени со коронавирусот и 32 смртни исходи

Во Босна и Херцеговина во понеделникот се потврдени 764 нови случаи на зараза со коронавирусот, а 32 заразени лица починале во изминатите 24 часа, известија ентитетските заводи за јавно здравје.

Во неделата биле спроведени малку повеќе од 1.500 тестирања на примероци, а заразата е потврдена кај 438 лица од Федерацијата БиХ и кај 323 од Република Српска, а уште три случаи на коронаинфкеција има во областа на Дистриктот Брчко.

Во Сараево во поледните 24 часа се регистрирани 92 новозаразени, а во Бања Лука 126. Во Мостар во текот на целиот викенд имало вкупно 226 нови случаи на заразата, а 10 пациенти вио најголемиот град во Херцеговина починале.

Вкупниот број починати во БиХ од почетокот на епидемијата во март сега е 1.281 пациент, а во изминатите седум месеци инфекцијата е потврдена кај 53.000 лица.

Во БиХ минатата седмица беа регистрриани рекордни дневни бројки на новозазени кои беа над 1.900, а значително помалиот број во понеделникот е вообичаен, бидејќи во текот на викендот се спроведуваат помалку тестирања.

И покрај неповолната епидемиолошка слика, од оваа седмица во училиштата во Република Српска се враќаат учениците на барање на голем број родители. Наставата во училиштата во Федерацијата БиХ не беше вооппшто ниту прекината, со исклучок на Сараево.