Во БиХ 79 новозаразени и осум починати, во Сараево ситуацијата со коронавирусот е стабилна

Во Босна и Херцеговина во понеделникто заразата со новиот коронавирусот е потврдена кај 79 лица, а осум заразени починале во изминатите 24 часа, соопштија ентитетските заводи за јавно здравје.

Двоцифрениот број новозаразени е воедно и е двојно помал од дневниот просек изминатата седмица, но е поврзан со вообичаениот помал број тестирања кои се спроведуваат во текот на викендот.

Во Федерацијата БиХ биле тестирани 684 примероци, што е речиси третина од тестирањата во текот на работен ден, а заразата е потврдена кај 49 лица. Во Република Српска тестирани биле 482 примероци, а потврдени се 30 зарази.

Починатите кај кои е потврдена коронаинфекцијата се од разлилни делови на БиХ, а поединечно најголемо жариште е Бања Лука, со 12 нови случаи потврдени од неделата.

Во главниот град Сараево епидемиолошката ситуација и натаму е стабилна, бидејќи во изминатите 24 часа имало само осум новозаразени, а не е забележан ниеден смртен исход.

Градската клиника за белодробни болести, која е претврена во „ковид болница“, моќе да прими до стотина пациенти, а моментално е пополнета со четвртина од капацитетите.

Според последните податоци, од почетокот на епидемијата во БиХ, коронавирусот е потврден кај вкупно 26.564 лица, од кои оздравеле 19.507, а 808 пациенти починале.