Во БиХ голем скок на починати и заразени со коронавирусот

Петнаесет лица починале а 261 е заразено со короанвирусот во последните 24 часа во Босна и Херцеговина, значително од претходниот ден, соопштија во вторникот здравствените власти.

Во понеделникот беа потврдени 143 заразени и деветмина починати од последиците на Covid-19.

Инфекциите во вторникот се потврдени кај 198 лица од Федерацијата БиХ и кај 63 од Република Српска. Во Федерацијата БиХ вчера починале 11 лица, а во српскиот ентитет четири поациенти.

Од почетокот на епидемијата во БиХ се потврдени 28.710 зарази и 903 починати.

По десетина дена во кои бројот на новозаразените во Сараевската жупанија се намалуваше, во вторникот е забележан остар раст со 39 нови случаи. Голем број на новозаразените и натаму има во Бања Лука, каде се потврдени 18 новозаразени.

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација за БиХ, Виктор Олсавжки, изјави дека е потребно поголемо посветување на ефикасното откривање на контактите на заразените лица, бидејќи тоа е клучот за контролирање на ширењето на заразите. Тоа го илустрираше со ситуацијата во подрачјето на Сараево.

„Успешноста на следењето е од 60 до 80 отсто кога станува збор за контактите на едно заразено лиц, а ние сметаме дека тора треба да се прошири и дека процентот треба да биде поголем, бидејќи единствено на тој начин може да се контролира ширењето на вирусот“, изјави Олсавжки.