Во БиХ има 860.000 вработени, а 680.000 пензионери

Бројот на пензионерите во Босна и Херцеговина брзо му се доближува на вкупниот број вработени, поради што на еденитетскиот пензиски систем му се заканува колапс доколку продолжи ваквриот тренд, објави во четвртокот сараевскиот дневен весник Dnevni avaz, повикувајќи се на последните достапни статистички показатели.

Пензионерите во БиХ остваруваат примања од фондовите за кои се наделжни ентитетите, а од Федерацијата на БиХ и Република Српска доаѓаат показатели дека вкупниот број лица на кои им ги исплажаат пензиите во изминатите пет години е зголемен за 50.000. Во Федерацијата БиХ во април биле регистрирани 417.000 пензионери, што е за 34.000 повеќе отколку пред пет години, додека во Република Српска пензии примаат околу 263.000 луѓе, што претставува зголемување за околу 16.000 пензионери отколку во 2014 година. Во двата ентитета бројот на вработените од чиишто придонеси се обезбеднуваат пензиите е околу 860.000 луѓе.

Од пензискиот фонд на Федерацијата НиХ предупредуваат дека ситуацијата е загрижувачка и полоша од официјалната статисткиа, бидејќи во бројот на вработените се сметаат и илјадници вработени во државната админситрација и јавните претпријатија кои се водат како „вишок“ и не остваруваат нова вредност, туку се „згрижени“ преку вработувања на непотребни и измислени работни места.

Според Dnevni avaz, во БиХ во моментов немаат решени за проблемот со острото зголемување на бројот на пензионерите и соодносот со вработените, бидејќи работници во земјата има сѐ помалку поради масовното иселување во странство. Поради овој негативен тренд, но и огромните долгувања на компаниите по основа на уплата на придонесите во што предничат државните претпријатија, ескпертите предвидуваа и тотален колапс на пензискиот систем веќе за 10 години, па и можно запирање на исплатата на пензиите.

Стручњаците сугерираат дека за БиХ едно од редшенијата за ваквата состојна е подигнување на границата за одење во пензија од сегшните 65 години. Во БиХ, инаку, се многу ретки зголемуваата на пензиите, а последното беше во април годинава кога федералната влада донесе одлука за раст од 3 отсто. Најниската пензија во ентитетот Федерација БиХ е околу 190 евра, загарантираната е 240 евра, додека најголемата пезнија изнесува 1.100 евра.