Во БиХ над 230 новозаразени и шест починати, во Сараево смирување на заразите

Во Босна и Херцеговина во четвртокот дека заразата со коронавирусот е потврдена кај 235 лица, а шест лица починале во последните 24 часа, соопштија ентитетските здравствени власти, а според најновите извештаи епидемиолошката ситуација во главниот град Сараево се смирува.

По тестирањето на малку повеќе од две илјади примероци 154 новозаразени во Федерацијата БиХ, додека во Република Српска коронавирусот е потврден кај 81 лице.

Од почетокот на епидемијата во целта БиХ, заразени се 26.081 лица, од кои починале 790 пациенти, а активни се над 7.200 случаи.

Починатите се од различни делови на земјата, а поединечно најголем е бројот на новозаразените во Бања Лука, каде од средата се потврдени 28 смртни исходи.

За разлика Бања Лука, заразата на подрачјето на Сараево постепено се смирува, па во последните 24 часа таму има само осум нови случаи. Тоа е најмалата бројка на новозаразените од повторното разгорување на епидемијата на почетокот од јули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.