Во БиХ нов дневен рекорд, 716 заразени

Босна и Херцеговина во саботата забележа нов рекорд според бројот заразени лица со новиот коронавирус во еден ден, откако се регистриани 716 нови случаи во изминатите 24 часа.

Веќе четврти ден со ред во земјата значително се зголемува бројот на новозаразените. По тестирањето на 2.200 промероци, коронаинфекцијата е потврдена кај 485 лица од Федерацијата БиХ и кај уште 226 лица од Република Српска. Уште пет заразени лица има и во подрачјето на дистриктот Брчко.

Во Сараево од петокот заразата е потврдена кај 172 лица, што исто така претставаува рекорд за главниот град на дневно ново, а инфкециите продолжуваат брзо да се шират и покрај воведената обврска за носење заштитни маски и на отворени простори. Слична е состојбата и во Бања Лука, вториот по големина град во БиХ, каде во изминатите 24 часа се откриени 103 новозаразени лица.

Позитивно е единствено што е пријавен само еден смртен исход како последица од Covid-19, додека на средината од седмицата имаше и до 14 починати во 24 часа.

Властите во БиХ засега не најавуваат нови мерки за ограничувања, но предупредуваат дека и здравствениот систем е под сериозен притисок и му се заканува колапс, доколку бројот на заразените продолжи вака остро да се зголемува.