Во БиХ нова рекордна бројка, над 1.900 нови короназарази

Во Босна и Херцеговина во четвртокот е забележан нов рекорден број на заразени со новиот коронавирус во еден ден, поткако се потврдени повеќе од 1.900 нови случаи, а 21 заразено лице починало во последните 24 часа.

Во последното деноноќие се спроведени тестирања на повеќе од 4.000 примероци, што исто така е највисоката во еден ден, а инфекцијата е потврдена е кај 1.219 лица од Федерацијата БиХ и кај 649 од Република Србија. Уште 35 новозаразени има од областа на дистриктот Брчко, па вкупниот број за целата земја изнесува 1.903 заразаени.

Починале дванаесет лица од Федерацијата БиХ и девет од Република Српска.

Поголемите градови и натаму се места во коишто е најголема концетрацијата на новозаразение, но во споредба со изминатите десет дена состојната била малку подобра во четвртокот во Сараево, каде имало „само“ 59 нови случаи, додека Бања Лука со 187 нови случаи е на истото ниво од претходните денови. Во Мостар имало уште 80 новозаразени, а неславниот рекорд во четвртокот го поставил градот Коњиц кафе од малку повеќе од 26.000 жители во еден ден имал дури 89 случаи на заразата.

Болниците во БиХ одвај се справуваат со навалицата од новозаразените, бидејќи имаат ограничени капацитети за сместување за третман на пациентите со коронавирус, а и сѐ поголем е бројот на здравствените работници кои се во изолација поради заразата.