Во БиХ нови 233 случаи на коронавирусот и петмина починати

Нови 233 случаи на зараза со коронавирусот и пет починати од последици од Covid-19 се потврдени во неделата во Босна и Хергеговина.

Во Федерацијата БиХ тестирале 745 примероци а заразата е потврдена во 184 случаи. Во овој ентитет се пријавени три смртни исходи од короанвирусот.

Во Република Српска, пак, направено е 281 тестирање а 49 биле позитивни на коронавирусот. Во болниците починале две лица заразени со вирусот SARS-CoV-2.

Поединечно најмногу заразени повторно има на подрачјетона Сараево, каде што во последното деноноќие се пријавени 65 нови случаи на заразата. Денеска не е забележан ниеден случај на оздравен пациент.

Севкупно од почетокот на епидемијата во БиХ, регистрирани се 13.901 случај на заразата. Од нив досега закрепнати се 7.481 пациент, а 394 луѓе починале.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.