Во БиХ нови 274 нови случаи на коронавирусот

Во Босна и Херцеговина во средата се потврдени нови 274 сличаи и на зараза со корононавирусот, а најголем број од новозаразениет и натаму е од подрачјето на главниот град Сараево, според податоците кои ги соопштија ентитетските заводи за јавно здравје.

Во Федерацијата БиХ тестирани се 1.161 примероци а заразата е потврден во 183 случаи додека во Република Српска тестирале 436 примероци од кои 91 бил позитивен на вирусот SARS-CoV-2. Најголем број новозаразени во изминатите 24 часа се регистрирани во Сараево, каде што се потврдени 84 нови случаи.

Од Република Српска пријавени се два нови смртни случаи од коронавирусот, а во Федерацијата БиХ починале уште четири лица. Од министерството за одбрана на БиХ е потврдено дека еден од починатите поради здравствените компликаци предизвикани од коронаинфекцијата е припадник на вооружените сили кој бил на лекување во болницата во Зеница, Ова е трет војник кој почина во БиХ по зараза со коронавирусот.

Во целата БиХ од појавата на епидемијата во март заразата со коронавирусот е потврдена кај над 13.000 лица, по изведени повеќе од 144.000 тестирања. Над 6.500 заразени лица досега закрепнале, а починале околу 380 лица.

Според збирните показатели со разлини нивоа, во БиХ во моментов има повеќе од 6.000 активни слуачи на зараза со коронавирусот, а 10 отсто од оваа бројка се однесува на лица коишто според компликациите се сместени на болничко лекување. Од тоа триесет хоспитализирана пациенти во моментов се на респиратотри, односно во состојба во којашто им се загрозени во животите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.