Во БиХ почнува воената вежба „Еуфор брз одговор 2022“

Над 250 војници од 20 земји пристигнаа во пристаништето Плоче, и ќе учествуваат на воената вежба што ќе почне денеска низ цела Босна и Херцеговина.

Вежбата ќе трае до 22 ноември.

Катарина Смит Барет, портпаролка на Еуфор, објави дека повеќе од 250 војници пристигнале во пристаништето Плоче со воени возила и опрема и најави дека наскоро ќе пристигне брод со друга група војници и опрема од Италија.

Военатa вежба „Еуфор брз одговор 2022“ ќе се изведува на различни урбани и рурални локации низ Босна и Херцеговина.

Како и претходните години, тие дополнителни војници ќе учествуваат во тактички вежби и патроли и привремено ќе ја зголемат бројната состојба на Еуфор, изјави портпаролката на оваа воена мисија.