Во БиХ продолжува дневниот раст на новозарзени, нов рекорд над 900 коронаинфекции

Босна и Херцеговина продолжува да бележи раст на дневниот број заразени со коронавирусот, а во средата е достигнат новиот рекорд со 922 нови случаи во изминатите 24 часа.

Од вторникот се тестирани исто така рекордни 3.000 примероци, а инфекцијата е потврдена кај 654 лица од Федерацијата БиХ и кај 268 лица од Република Српска.

Најголемите жаришта на заразата и натаму се најголемите градови во земјата, па така во Сараево се регистрирани 225 новозаразени, во Мостар 128 а во Бања Лука 121 случај.

Од вторникот во БиХ како последица од компликациите предизвикани од Covid-19 починале 14 лица, а во сите случаи станува збор за повозрасни пациенти кои биле хронично болни.

Досега од почетокот на епидемијата вирусот SARS-CoV-2 е потврден кај 35.389 лица. Во моментов во земјата има 5.021 активен случај на коронавирусот. Вкупниот број починати, пак, заклучно со последниот податок изнесува 1.017 лица.

Според заедничките податоци кои во средата ги објави министерството за цивилни работи на БиХ, бројот на заразените на 100.000 жители во една седмица во земјата изнесува 107. Овој податок се однесува на периодот од 11-ти до 18-ти октомври, додека претходниот седумдневен период изнесувал 67.

Во поголемиот дел од БиХ од средата на сила се мерките на задолжително носење маска и на отворени простори. Оваа одлука важи за лица кои се движат на подраќјето на Република Српска и во Сараевската жупанија, а за кршење на мерката се предвидени високи казни.

Но, бидејчи бројот на новозаразените постојано расте, претставниците на здравствените властио зачестено предупредуваат дека ќе мора да посегнат по дополнителни ограничувања, за да се запре остророт ширење на заразите.