Иако БиХ се соочува со најдлабока економска и општествена криза од војната па наваму, во последните 12 месеци оваа земја доби пет нови мултимилионери чие што богатство е проценето на капитал поголем од 30 милиони долари, обајви денеска „Независне новине“.
„Во БиХ живеат 90 мултимилионери и тоа е раст за пет отсо или 5,9 отсто во однос на 2012. Капиталот со кои располагаат се проценува на околу девет милијарди долари,“ изјави Фаузи Ахмед, директор на комуникации во сингапурското седиште на компанијата „Wealth-X“, специјализирана за собирање на информации за супербогаташи од целиот свет.
Медиумот наведува дека имињата на овие супербогаташи се непознати, како што е непознат и начинот на кој го стекнале своето енормно богатство во времето кога поголем број од државјаните на БиХ живеат во екстремна сиромаштија и се борат со егзистенцијални проблеми.
Економскиот аналитичар Игор Гавран изјави дека не е чудно што во ваква ситуација во БиХ, некои луѓе екстремно се богатат.
„Тоа е типично за државите како БиХ со полудемократски и недемократски системи.Екстремно богати се се повеќе како што се повеќе се екстремно сиромашни. Средната класа се губи.Лесно е да се заклучи дека до толкави средства може да се дојде на нелегален начин,“ изјави Гавран.