Во БиХ рекордни нови 363 случаи на коронавирусот и 8 починати, здравствениот систем пред крах

Во Босна и Херцеговина во средата потврдени се рекордни во еден ден нови 363 случаи на зараза со новиот коронавирус и осум смртни исходи, додека функционерите задолжени за контрола епидемиолошки ситуации предупредуваат на преоптовареноста на здравствениот систем кој би можел да крахира.

Во Федерацијата БиХ тестирани се 994 примероци а позитивно биле 227 лица а потврдени се и пет смртни случаи. Во Република Српска, пак, тестираа 675 примероци од кои на коронавирусот биле 136, а има и три смртни исходи.

Бројот на заразените во средата е најголем во едно деноноќие во БиХ од појавата на коронавирусот во земјата, а само во Сараево имало 91 нови случај.

Здравствените власти во БиХ со денови предупредуваат дека масовните собирања се главен извор на заразата и апелираат до граѓаните да престанат со такво однесување, поради кои болниците забрзано се полнат со пациенти заболени од Covid-19.

Помошникот на министерот за здравство во Федерацијата БиХ, Горан Черкез, предупреди во средта дека ваквата ситуација нема да може да трае уште долго време.

„Здравствениот систем е пред крахирње“, тврдеше Черкез во гостувањето на телевизијата N1, додавајќи притоа дека на БиХ набрзо ѝ се заканува „шпанското сценарио“.

Претстои одбележувањето на муслиманскиот празник Курбан бајрам, кој започнува во петокот и се прославува три дена, а носи дополнителен ризик од големи собири кои се вообичаени во вакви услови.

Исламската верска заедница во БиХ одлучи дека бајрамските молитви во џамиите ќе се одржат во петок, но во најкусата можна форма и со одржување на физичко растојание меѓу верниците. Издаде и упатства празникот да си го честитаат без вообичаениот физички контакт.