Во БиХ се бараат рудари од Македонија за плата од 900 евра

 

Рајко Дукиќ, претседателот на компанијата „Боксит“ од Милиќи во Република Српска преку амбасадите на Северна Македонија и на Кина упатил допис со кој известува дека итно се потребни за 30 рудари за потребите на компанијата, која освен со ископ на боксит, се занимава и со друго производство и со трговија. Тој вели дека условите се одлични, пишува босански „Капитал“.

„За осумчасовно работно време, платата е 900 евра, прекувремената работа се плаќа посебно. Сместувањето и исхраната се бесплатни. Со вработените се склучува договор на повеќе години. Даноците и придонесите би се плаќале според законските прописи. Би ви биле благодарни ако се вклучите да ни помогнете. Доколку ангажираме работници, ние би ги регулирале работните односи, како и прашањата сврзани со годишните одмори и повремените заминувања дома“, пишува во писмото од „Боксит“ до амбасадите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.